ФОТО: Ана Кораќ вложи 20.000 евра на себе и сега никој не може да ја препознае

Поранешната учесничка во „Задруга“ Ана Корич се надмина себеси, претера со фотошоп како никогаш досега.

Старлетата не престанува да изненадува со својот физички изглед, во кој не престанува да инвестира, иако досега потрошила околу 20.000 евра на пластични операции и естетски зафати.

И покрај сето тоа, таа секогаш користи и фотошоп, па постојано добива критики на таа сметка, а овој пат многумина велат дека се надминала себеси, бидејќи претерала.

Ана позираше во провокативна црна долна облека во када полна со ливчиња од роза, а задникот и силиконските гради дојдоа до израз.

И покрај провокативните облини со кои сакаше да се пофали и на оваа фотографија, нејзиното лице привлече многу поголемо внимание, бидејќи не личи на себе!

Фотографијата може да се погледне ТУКА.

 

13.06.2022 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега