ФОТО: Анџелина Џоли на шопинг во необично издание- Критичарите поделени, полн погодок или старомодна комбинација

 

Анџелина Џоли  важи за модна икона и најчесто е прекрасно облечена, во модни парчиња кои жените ширум светот ги посакуваат. Но, сите се шокираа од нејзиното последно појавување и тоа што го имаше облечено.

Таа отиде на шопинг со своите ќерки, 16-годишната Захара Марли и 14-годишната Шилох Нувел.

За прошетката, актерката избра многу едноставна комбинација во бело. Таа комбинираше класичен фустан со папучи и модна торба Кристијан Диор.

Коментарите се дека овој фустан е старомоден и со лош крој, а и папучите не одат баш најдобро во комбинација.

Модните критичари се поделени – едни велат дека ова е полн погодок, други дека ваков кикс Џоли не требала да си дозволи.

Сепак, што и да облече, Анџелина останува една од најубавите жени во светот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2021 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега