ФОТО: Антониа Гиговска за два месеци се „преполови“ па ги покажа резултатите
Пандемијата речиси на сите им донесе вишок килограми, а не беа поштредени ни македонските ѕвезди.
Имено една од нив беше и Антониа Гиговска која сега се пофали на Инстаграм дека се ослободила од вишокот килограми.
Гиговска во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од стара и новата Антониа и откри колку килограми успеала да ослабе.
„Ова горе е старата Антониа од пред 2 месеци, ова доле сум јас. –16 килограми“, напиша младата пејачка на фотографијата на која е таа со вишок килограми, како и со новиот физички изглед.
Антониа откако ја постигна саканата цел, веднаш се стегна во хеланки, па покажа дека има тело за чиста десетка.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа