(ФОТО) „Бела белина“ - се омажи инфлуенсерката Александра Шијакоска
Вчера се омажи инфлуенсерката Александра Шијакоска, со нејзиниот свршеник Едмонд Весели. Тие направија мала венчавка само со блискиот круг на роднини и пријатели.
Интересен факт за оваа прослава е дека сите гости беа облечени во бело, а и низ свадбените декорации преовладуваше белата боја.
Свадбената венчавка и забава била во куќата каде што живее парот во Битола. Истата вечер се прославуваше и роденденот на младоженецот Едмонд.
До свечениот чин за склучување граѓански брак пред матичар, Александра ја донесе нејзиниот татко. Свадбената венчавка била до детал организрана, инфлуенсерката се погрижила нејзината венчавка да изгледа како оние од Инстаграм.
За крај на журката Шијакоска го фрлаше и бидермаерот.
„Не правиме свадба, туку мала прослава со пријателите. Едмонд слави роденден на истиот ден, па сакавме заедно да прославиме. Си закажавме матичар, па испадна нешто повеќе од мала прослава со родителите и сестрите. Бел фустан ќе носам и сега и наредната година на свадбата затоа што мислев дека никогаш нема да дочекам да бидам невеста, па сега ми е ќеф. Претходната година овој период плачевме и се молевме да преживеам, сега спремаме свадба и планираме иднина“, изјави Шијакоска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа