ФОТО: БРАКО помогна во подготовка на новиот пункт на МВР за издавање лични документи без закажување

Компанијата БРАКО изработи и донираше 20 паравани за позициите за фотографирање во новиот пункт за издавање лични документи.

-БРАКО изработи 20 комплети на паравани од челични профили и исполна од лесонитни табли, целосно во мат бела боја, соодветна на потребите за фотографска позадина. Вработени на БРАКО ги монтираа параваните вчера, во пунктот во полициската станица во Кисела Вода, а дел од нив МВР ќе постави и во друг пункт. Параваните беа изработени во рок од 3 дена и за таа потреба беше запрено производството во еден дел од фабриката,  се со цел да се одговори на потребата на државата за брзо доопремување на пунктот и негово отворање во следните денови и да им се овозможи на граѓаните полесно и навреме да ја поминат задолжителната процедура, велат од компанијата.

12.11.2023 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега