ФОТО: „Денеска е погребот на дедо ми и јас ќе го облечам ова“ - девојка ги запрепасти сите со изгледот
Една девојка предизвикала негодувања на социјалните мрежи откако објавила фотографија од својот изглед за погребот на нејзиниот дедо. Иако бојата на гардеробата ја погодила, краткиот фустан кој го избрала за оваа прилика е наменет за ноќен клуб.
На Реддит се појави фотографија која претходно била објавена на Фејсбук, а на која девојката позира во ултра краток фустан со дупки и мрежести хулахопки.
-Денеска е погребот на дедо ми и да, јас ќе го облечам ова, не ми е грижа што луѓето мислат затоа што на крајот јас имам право да се облечам онака како што се чувствувам. Да беше жив дедо ми, тој тоа ќе го одобреше, напиша таа во опис на фотографијата.
-Луѓето таму ќе бидат да оддадат почит на дедо ти зарем навистина се чувствуваш добро доведувајќи ги во непријатна ситуација кога станува збор за така тажна прилика - гласи еден од коментарите, на кој та одговори:
-Не станува збор за чувствата на другите, туку за дедо ми, напишала.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа