ФОТО: Додека целата јавност гледаше ракомет пред малите екрани, функционерите на СДСМ гледаа од трибините?
Синоќа во третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2022, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје падна светскиот шампион Данска.
Иако натпреварот се играше без публика, сепак дел од функционерите на СДСМ се решија истиот да го гледаат во живо од трибините во спортскиот центар, а за истото се пофалија и на социјалните мрежи.
По објавата веднаш следеа и реакции, кој и како им дозволил да го гледаат натпреварот во сала.
–Ако сте заборавиле, Чомбе, или директорот на ЗОО Ѓорѓи Галетановски, дослесно ги „политуваше“ и карантините пред една година и со личен пример ја поддржуваше политиката што ја спроведува неговата СДСМ: Не ме гледај што правам, слушај што ти забранувам. Пратеникот Каевски, градоначалникот на К.Вода-Темелковски, директорот на ЗОО-Чомбе, директорот на Затвор Шутка-Сокол. Како бе вака????? Ако не си функционер ќе гледаш на ТВ? Кој ви дозволи да гледате во сала? Зошто вие гледате од сала, а јас на ТВ?????, коментира на Твитер корисникот со име Скопјанецот.
Пратеникот Каевски, градоначалникот на К.Вода-Темелковски, директорот на ЗОО-Чомбе, директорот на Затвор Шутка-Сокол.
Како бе вака?????
Ако не си функционер ќе гледаш на ТВ? Кој ви дозволи да гледате во сала? Зошто вие гледате од сала а јас на ТВ????? pic.twitter.com/Q6rMPYw05b— SkopjanecoT (@skopjaneco_t) March 11, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа