ФОТО: Еден загинат во страшна сообраќајка во Хрватска - ништо не остана од автомобилот

Едно лице загинало а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа која ноќеска се случила во Хрватска на автопатот меѓу Нова Градишка и Окучани.
Возач на мало комбе загинал во сообраќајката во која учествувале три возила, меѓу кои две товарни.
Во се уште неутврдени околности тој се забил во камионот што предизвикало камионот да се испречи на патот и во него да удри уште едно товарно комбе.
Поради сообраќајката, автопатот неколку часа беше во прекин.

17.09.2024 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега