ФОТО: Експлозија во ковид центар во Холандија - имало бомба во металната цевка

Пред отворањето на центарот за испитување од Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени, јавуваат холандските медиуми.

Според нивни информации експлозивот бил ставен во метална цевка пред централната зграда.

Експлозијата искрши пет прозорци во центарот. Чувар бил присутен на местото на настанот, но за среќа тој не бил повреден, пренесуваат тамошните медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега