(ФОТО) Ѓоковиќ го освои Вимблдон на 8-годишнината од бракот, Јелена со бакнеж му ја честиташе победата
Покрај тоа што го освои Вимблдон по седми пат, Новак Ѓоковиќ вчера имаше уште една причина за славење.
Тој ја одбележуваше и осмата годишнина од бракот со Јелена.
Пред да започне финалето, 36-годишната Србинка со фотографии и порака на Instagram му го честиташе овој важен ден на нејзиниот сакан.
-8 години во брак, но сепак имаме само 17 години заедно! Тинејџери, напиша Јелена.
По победата, Новак се качи на трибините каде седеше неговото семејство, а Јелена со бакнеж му честиташе за триумфот. Таа на трибините седеше заедно со нивната ќеркичка Тара, а носеше розов фустан од Cecilie Bahnsen.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа