ФОТО: Градоначалникот пеш на работа - по пат направив муабет со граѓаните

 
Денес 22.09.2022 година, се одбележува Светскиот ден без автомобили.
 
За таа цел градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се приклучи на одбележувањето на светскиот ден со тоа што утрово од својот дом до просториите на општината дојде со пешачење.
 
За одбележувањето на светскиот ден, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
 
Денес светот го одбележува Светскиот ден без автомобили.
За таа цел утрово од својот дом до просториите на општината дојдов со пешачење. Имав можност да сретнам жители кои исто така денес ги оставиле автомобилите и со пешачење тргнале кон своите работни места.
Како дел од Европската недела на мобилност ширум светот се одбележува Светскиот ден без автомобили. Овој ден има цел да ја крене свесноста кај возрасните за зачувување на чиста, здрава и зелена животна средина, како и применување еколошки транспортни решенија (јавен транспорт, пешачење и велосипедизам). Одбележувањето на овој ден треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите. - напиша Стефковски
 
22.09.2022 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега