(ФОТО) Груби се „ребрендираше“ за автопатот Прилеп - Битола
Артан Груби, првиот вицепремиер денеска се „ребрендираше“ со нова маица со натпис „10Д“ на поставувањето на камен темелник на проектот Коридор 10-д, делница што од Прилеп до Битола ќе ја гради „Бехтел и Енка“.
Груби имаше поздрав на три јазици, па рече дека е среќен што денот ќе го сподели со присутните. На премиерот Димитар Ковачевски му се заблагодари на поддршката за проектот за коридорите 8 и 10 д. Преку собранискиот претседател Талат Џафери им се заблагодари и на пратениците. Од пултот неколку минути имаше и низа други поздрави.
„Овој проект продолжува и сите влади, а следната секако ќе биде истата како оваа денеска, ќе го завршат овој проект, ќе ги пресечат лентите. Втората порака денеска ми е тоа што го гледате денеска во Собранието и тоа што Владата го направи е порака дека е дојден крајот на заложништвото на Собранието, проектите и иднината на граѓаните. Ова мнозинство демонстрира што значи да се стави крај на блокадата. Од денес при изградба на вакви проекти упатувам порака дека е дојдено време да ставиме крај и на блокадата на нашето европско интегрирање“, рече Груби.
Груби рече дека тој е качен на возот, па ги покани и другите. Им рече: „Овој воз вози кон Брисел и никој не може да го сопре“.
На претходната церемонија Груби се појави со маичка „8“, што подоцна му ја подари на новинар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа