(ФОТО) Инфлуенсерката Александра Шијакоска се омажи: Облеков бело, а мислев никогаш нема да дочекам да бидам невеста
Познатата инфлуенсерка Александра Шијакоска се омажи за нејзиното долгогодишно момче Едмонд. Тие направија венчавка со најблиските во куќата каде што живеат во Битола.
За нејзиниот најсреќен ден, Шијакоска одбра долга бела венчаница со голем бел цвет на десната страна од фустанот и една ракавица на истата страна. Во бело беше облечен и нејзиниот сопруг Едмонд.
До свечениот чин за склучување граѓански брак пред матичар, Александра ја донесе нејзиниот татко.
Свадбената забава, преминала и во роденденска журка бидејќи Едмонд тој ден славел роденден.
Александра за забавниот дел од мини свадбата одбра краток бел фустан со реси.
„Не правиме свадба, туку мала прослава со пријателите. Едмонд слави роденден на истиот ден, па сакавме заедно да прославиме. Си закажавме матичар, па испадна нешто повеќе од мала прослава со родителите и сестрите. Бел фустан ќе носам и сега и наредната година на свадбата затоа што мислев дека никогаш нема да дочекам да бидам невеста, па сега ми е ќеф. Претходната година овој период плачевме и се молевме да преживеам, сега спремаме свадба и планираме иднина“, изјави Шијакоска.
Александра и Едмонд се 12 години во врска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа