(ФОТО) Искршени прозорци и срчи насекаде - поголемиот дел од повредените во сообраќајката кај „Порцеланка“ се од с.Мелница
Најголемиот дел од повредените во сообраќајната несреќа, што се случи во 12.01 часот кај „Порцеланка“ во Велес се од с.Мелница дознава Прес24 од извори во велешката болница.
Искрешни стакла од прозорите на комбето и срчи на седиштата е сликата по случениот судир меѓу воз и такси возило - комбе „мерцедес“, сопственост на такси компанијата од Чашка.
„Денеска (05.01.2023) во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода помеѓу воз на Македонски Железници и такси возило - комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка“, изјави Самарџиев.
Според официјалните информации на полицијата, во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош.
Прес24 ја контактираше и портпаролката на Општа болница Велес, која ни изјави дека официјални информации за повредените ќе следуваат по извршените интервенции.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.
Фотографии од местото на настанот, погледнете ги ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа