ФОТО: Кејт во необичен стајлинг ги воодушеви сите- Војвотката ја прими првата доза на вакцина за коронавирус.
Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон (39) ја прими првата доза на вакцина за коронавирус.
Имено, дојде да се вакцинира во Музејот на наука во Лондон, десет дена откако нејзиниот сопруг Вилијам ја прими вакцината.
Таа објави официјални фотографии од вакцинацијата на официјалниот Инстаграм и Твитер, а го напиша и следново:
- Вчера ја примив првата доза вакцина Ковид-19 во Музејот на уметност во Лондон. Исклучително сум благодарена на секој што учествува во овие активности - благодарам за сè што правите, напиша Кејт.
Инаку, таа за оваа пригода избра фармерки и обична маица, додека цело време носеше заштитна маска на лицето. Нејзината едноставна комбинација ги воодушеви сите, имајќи предвид дека скоро секогаш е свечено облечена.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа