(ФОТО) Кој плаќа најскап интернет на Балканот: Македонија во топ 3 земји
Доколку пред неколку години сосема доволни би ви биле и 2 гигабајти месечно, денес одвај може да го истуркате месецот и со 10 гигабајти во месечната претплата, а да не доплатите дополнителни пакети.
Црна Гора како земја со најевтин мобилен гигабајт во регионот е рангирана на 36 позиција на глобалната листа составена од „Кејбл“, пренесува macedoniantrtbalkan.com. Втора во регионот или 56 глобално е Србија каде еден гигајбат корисниците ги чини 0.7 евра.
Следи Северна Македонија со цена од 0.9 евра и 66 позиција на глобалната листа. Од неодамна македонските корисници добија пристап и до 5Г мобилната мрежа.
Тоа го искористија и мобилните оператори за промоција на нови пост-пејд пакети со неограничен мобилен интернет и брза конекција. Така просечната цена се очекува да се намали бидејќи потрошувачката на мобилен интернет ќе се зголеми со неограничените пакети.
View this post on Instagram
Косово во просек има цени од 1.2 евра за еден гига со што стигнува до 91 позиција во светот, Албанија со просечни цени од 2.7 евра е на 157 место, додека пак БиХ со цени од 2.8 евра е речиси на дното на листата на 163 место во глобални рамки.
Целата анализа прочитајте ја ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа