(ФОТО) Левица најавува бојкот на сите ланци на маркети: Исти производи дупло поскапи во Македонија отколку во Италија
Додека во Италија ист гел за туширање чини 2,99 евра (184 денари), во Македонија истиот производ чини 399 денари! Меленото месо во Италија е 258 денари на килограм, во Македонија е 409 денари. Шери доматите се 165 денари, додека кај нас се 319 денари од килограм! Ова значи дека македонските граѓани плаќаат двојно поскапо за истиот производ, иако просечната плата е четирипати пониска од онаа во Италија!, велат од Левица.
„Ова е директен резултат на неолибералните политики на Владата, која со години дозволува бесконтролен раст на цените, без да преземе никакви мерки за заштита на куповната моќ на граѓаните.
Македонија не само што има поразително ниски плати, туку и повисоки цени за основни производи во однос на ЕУ, што ги осиромашува граѓаните! Владата дозволува:
Монополска доминација на увозните ланци без контрола на маржите!
Неспособност или свесно избегнување на ценовна регулација!
Уништување на домашното производство во корист на увозни лобисти!
Додека министерот за економија и владините функционери шетаат по луксузни вечери, народот се дави во сиромаштија и ценовен грабеж!, стои во соопштението од партијата.
ЛЕВИЦА БАРА:
- Враќање на механизми за контролирање на маржите на основните производи!
- Забрана на ценовни шокови за производи од секојдневна употреба!
- Намалување на ДДВ за хигиенски производи!
Левица не само што ќе поддржи,туку и ќе иницира генерален бојкот на сите ланци на маркети кои спроведуваат ограбувачки цени! Доста беше профитерство врз грбот на народот, време е за масовен отпор против корпорациите што ја изнудуваат последната пара од џебот на работникот!
„Македонските граѓани заслужуваат достоинствен живот, а не да бидат колонијална работна сила за европските капиталисти!“, велат од Левица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа