ФОТО: Мадона и нејзиниот син со иста тетоважа
Мадона си додаде нови тетоважи и се пофали со тоа на својот интернет-простор. Од фотографиите се гледа дека таа и нејзиниот 16-годишен син Дејвид Банда се заедно во студио за тетоважи, па и оти веќе имаат иста тетоважа – „дрвото на животот“, инспирирана од Кабалата, објави „Дејли мејл“.
Пејачката која се движи кон средината на седмото десетлетие од својот живот, всушност се истетовирала минатиот месец, а сега дека Дејвид (кого го посвои во 2006 година, кога имал 13 месеци), го избрал истиот дизајн за на својот зглоб.
Во меѓувреме, Мадона на десниот зглоб си ја додаде буквата „X“ и „мама“, што потсетува и на нејзиниот последен студиски албум насловен „Madame X“.
„Мене ми е редот на крвавам за мајка ми“, напиша пејачката додавајќи и срце покрај видеото објавено на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа