ФОТО: Maкедонија славеше над Ерменија со играч помалку
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на Националната арена ја совлада Ерменија со 2:0 (0:0) во дуел од второто коло од Лигата на нациите.
Македонија играше и со играч помалку цело второ полувреме по црвениот картон на Ѓоко Зајков поради приговор.
Головите за победа ги постигнаа капитенот Барди од слободен удар во 70. минута, а десет минути подоцна гол даде и напаѓачот на Жирона, Миовски по соло акција во шесанесетникот на противникот.
Македонија на тој начин ја забележа првата победа и сега прва на табелата со четири освоени бода, откако освои бод со Фарски острови.
10.09.2024 - 23:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа