(ФОТО) Македонски Олимписки Комитет го суспендираше Борко Ристовски на четири години

 

Дисциплинската комисија при Олимпискиот комитет на Македонија по пријава поведе постапка против македонскиот голман Борко Ристовски и поради прекршување на член 17 од Дисциплинскиот правилник му изрече суспензија за четири години.

Голманот на Вардар 1961  е казнет дека „како претставник на политичка партија во ТВ емисија „За или против“ изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, кои може да бидат штетни по МОК“.

На Ристовски му е изречена забрана за вршење на работа во олимпискиот спорт во период од четири години.

Пријавата е поднесена од Даниел Димевски, а одлуката е доставена до Ракометната федерација на Македонија и ракометниот клуб Вардар 1961.

Борко Ристовски има рок за жалба на одлуката на МОК во следните осум дена.

 

24.04.2023 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега