ФОТО: Македонските фудбалери се вратија во Скопје по дебаклот во Англија

Нерасположени, тивки и со наведнати глави македонските фудбалски репрезентативци се вратија во Скопје по дебаклот кој го доживеаја во Англија.

Авионот на фудбалерите пред малку слета на скопскиот аеродром, а атмосферата во репрезентацијата е во согласност со резултатот од „Олд Трафорд“.

„Театарот на соништата“ се покажа како кошмарен за избраниците на селекторот Благоја Милевски, откако вчера Англија славеше со 7:0 во евроквалификациите.

Вчерашниот пораз е најубедлив пораз во историјата на македонската фудбалска репрезентација.

20.06.2023 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега