(ФОТО) Муцунски: Ние во Општина Аеродром работиме со полна пареа за да реализираме проекти
Летото е време на годишни одмори, но во Аеродром не е така, пишува на социјалните мрежи градоначалникот Тимчо Муцунски.
„Се радувам кога сите ние во Општина Аеродром и градежната механизација работиме со полна пареа за да реализираме, нови и важни проекти кои се дел од нашите ветувања дадени пред граѓаните. Овој период реализираме нови инфраструктурни инвестиции со кои уште еднаш ги потврдуваме нашите континуирани напори за обезбедување подобри услови и поквалитетен живот за граѓаните“, додавам Муцунски.
Градежната механизацијата активно работи во населбата Лисиче каде во тек е реконструкција на улицата „Црноризец Храбар“ во должина од 500 метри, шест метри коловозна ширина и тротоар.
„Реконструкцијата опфаќа и бележење на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, замена на целосно дотраениот материјал и обнова на дел од атмосферската канализација. Проектот се реализира со средства обезбедени од Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски.
Изградбата на нови улици и изведбата на нови паркови на неколку локации е дел од обемните инфраструктурни инвестициски активности кои оваа сезона се реализираат на неколку локации во Аеродром. Крајот на летото и почетокот на есента, ние ќе ги одбележиме со завршени важни проекти кои ќе донесат побезбеден сообраќај, поефикасен транспорт и сериозно подобар маалски живот за жителите на Аеродром“, пишува на ФБ градоначалникот Муцунски.
30.06.2023 - 11:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа