(ФОТО) Обетките на Јелена Ѓоковиќ чинат колку луксузен стан во Скопје
Јелена Ѓоковиќ вчера го бодреше својот сопруг Новак Ѓоковиќ на завршниот Мастерс во Торино, на мечот со Стефанос Циципас.
Сите погледи беа вперени во делот каде таа седеше, што не е ништо ново, бидејќи во светот на жените на познатите тенисерки таа важи за стилска икона.
Јелена овој пат имаше елегантна бела ролка и како и секогаш лесна шминка, едвај видлива. Но, она што најмногу привлече внимание е накитот на нејзините уши.
Станува збор за обетки на престижна марка, а цената на овој модел од колекцијата „Алхамбра“ оди и до 120.000 долари, што е повеќе отколку што би чинел стан во Скопје.
-Секое парче е вистинско ремек дело на мајсторот, а во изработката учествуваат, не само врвни златари, туку и оние кои се занимаваат со обработка и полирање на камен, пишува Hello.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа