(ФОТО) Падна фасада во центарот на Скопје
Преку Единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел фасада и можна опасност да падне уште дел во Центар, Скопје. Останатиот друг дел од фасадата, најгоре од зградата, не се знае во каква состојба е, но секако е потенцијална опасност за минувачите.
За среќа во инцидентот никој не е повреден.
Инаку, Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја извести Општина Центар за понатамошна постапка, согласно нивните оперативни процедури за вакви настани.
Настанот, согласно информациите од дежурните во Секторот за операции и координација, конкретно се случил на ул. ,,Димитрие Чуповски” кај ,,Табако Жак Мар” во близина на Министерство за правда.
Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата која почнала да паѓа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа