ФОТО: Пејачката се соблече гола за да покаже што болеста ѝ направила на телото - никој не треба да се срами од својот изглед
38-годишната пејачка Лиен Рајмс одлучи целосно да се соблече и да се фотографира за еден магазин, за да покаже како изгледа психосоматска болест предизвикана од стрес поради коронавирусот.
Иако целото тело ѝ е покриено со црвени точки, пејачката без срам го покажала своето „рането“ тело.
Псоријазата кај Лиен се јавила кога имала само 2 години.
„Пробав се да се излечам, стероидни креми, разни лекови, дури и се обидов да се замотувам во јаглен“, признала добитничката на Греми на која псоријазата ѝ создавала голем проблем додека била мала.
„Кога бев во јавност, настојував да сокријам колку можев. На сцена често носев два пара панталони или хеланки, дури и додека имаше најголеми жештини. Под маиците ме болеше стомакот кој беше прекриен со точките кои ме печеа и крвареа“, се присетила.
Но, на свои 20 години открила третман кој многу ѝ помогнал. Посебните инјекции кои ги примала успеале да ја излечат пред 16 години, а продолжила да прима се до пред две ипол години. Бидејќи болеста не се враќала, помислила дека се излекувала.
Меѓутоа, потоа стигнала пандемијата, карантинот и строгите мерки кои ѝ предизвикале стрес и враќање на прсоријазата.
„Светот одеднаш отиде по ѓаволите. Одеднаш повеќе не го правев тоа што го сакав, не бев опкружена со луѓето што ги сакав, туку седев дома во тренерки. Стресот е вообичаена причина за предизвикување псоријаза, а со толку несигурност околу мене и во светот, не е чудно што таа се врати“, рекла Лиен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа