(ФОТО) Пендаровски положи цвеќе на Св.Спас: „Се сеќаваме на Гоце Делчев“

 
Претседателот Стево Пендаровски положи свежо цвеќе на Свети Спас во Скопје, по повод раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. 
„Денеска, на 152-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, се сеќаваме на неговиот историски придонес за слободата, независноста и самобитноста на македонскиот народ.
По тој повод, положив свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Нека му е вечна слава“, напиша Пендаровски на ФБ. 

04.02.2024 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега