ФОТО: По обвинението за злосторства против човештвото, Тачи го постави грбот на УЧК на Фејсбук
Ден откако Специјалното обвинителство во Хаг предложи обвинение за воени злосторства против него, косовскиот претседател Хашим Тачи го постави грбот на „Ослободителната војска на Косово“ на Фејсбук.
Хашкото обвинителство поднесе обвинение од десет точки до Специјалниот совет на Косово, во кое ги обвинува Хашим Тачи, Кадри Весели и други за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, насилно киднапирање, прогон и тортура.
Досега нема други реакции од Тачи или неговиот кабинет.
Од друга страна, лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, во средата оцени дека обвинението против него е „политичко“ и „невистинито“, и рече дека не држат обвиненијата дека Тачи и тој се обидувале да ја блокираат работата на Специјалниот суд.
Во обвинението се тврди дека Тачи, Весели и други осомничени во обвинението се кривично одговорни за скоро 100 убиства.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа