ФОТО: Полиција на новата ски стаза во Кавадарци
Превентивна активност за заштита од екстремни температури се реализираше денеска на скијачкиот центар „Михајлово“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
- Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи - Југ, во соработка со локалната власт во општина Кавадарци, денеска на ски-центар „Михајлово“, со посетителите на центарот, како и со жители на околните места кои гравитираат околу Михајлово, спроведоа превентивна активност фокусирана на заштита од екстремни температури, појаснуваат од МВР.
Полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните, преку практични и показни активности, укажувале како луѓето можат и треба да се заштитат во околности на екстремни временски услови и непогоди, особено при снежни наноси и мраз, потоа како да се пружи прва помош во насока на превенирање на потенцијалните опасности
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа