(ФОТО) Селена Гомез наполни 30 години - зрачеше со гламур на прослава на својот роденден
Таа го прослави својот 30. роденден изминатиот викенд приредувајќи голема забава за своите пријатели.
И по тој повод, Селена Гомез го покажа својот најгламурозен изглед во проѕирен розов фустан на „Версаче“.
Таа сподели фотографија на „Инстаграм“ следниот ден. Во описот на објавата ѕвездата на Spring Breakers исто така изрази огромна благодарност за „понекогаш тешките лекции“ од нејзините дваесетти, што сигурно ќе ѝ послужат во следната деценија.
Селена е вистинска класа во овој впечатлив фустан, украсен со розов тил, што ги открива нејзините облини.
26.07.2022 - 18:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа