ФОТО: Шехерезад не е единствената жена со која турскиот актер бил во брак - и првата негова сопруга е вистинска убавица

 

Убавата турска актерка Бергузар Корел која на македонската јавност ѝ е позната како Шехерезад, не е единствената жена со која актерот Халит Ергенч беше во брак.

Имено, во 2007 година тој бил во брак една година со Гизем Сојланди, млада актерка со која по неколкумесечна врска се венчале. Тие се запознале на снимање на филм, исто како и приказната со Бергузар, но по многу краток период,  решиле да се разведат.

Гизем во едно интервју рекла дека иако имала само 20 години, а нејзината мајка се противела на бракот, тие сепак решиле да се венчаат.

За брзо време, Гизем рекла дека Халит многу се променил, бил во тешка депресија и не сакал да основа семејство со неа.

Решиле да се разведат по мирен пат и секој да тргне на своја страна.

И таа и Халит сега имаат основано семејство со други парнери.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега