ФОТО: Сите се прашуваат што стори од себе вака убава жена - не ѝ требаше ова на српската водителка

 

Јелена Бачиќ Алимпиќ во текот на годините драстично го менувала изгледот, а сега добива коментари дека изгледа речиси непрепознатливо

ТВ-водителката и писателката, низа години е јавна личност. Водеше познато ток-шоу каде што редовно разговараше со докажани познати личности и беше многу успешна во својата работа.

Откако одлучи да се повлече од малите екрани, Јелена почна да се занимава со пишување, што исто така добро ѝ оди, судејќи по тиражите. Објави неколку романи, кои станаа бестселери.

Со текот на времето, Јелена, нормално, почна да старее, но не може да се каже дека го прави тоа грациозно и достоинствено.

Имено, судејќи според фотографиите, писателката направила значаен број естетски интервенции и третмани, па нејзиниот изглед сега слободно може да се дефинира како видно „пластичен“.

Корекциите се очигледни, а особено се забележуваат кога ќе се споредат фотографии пред и по естетските интервенции.

Јелена на втората слика изгледа подуено, а јаболчиците и устата ѝ се пренагласени.

Далеку од тоа дека ги осудуваме естетските интервенции, но Јелена можеби не требала да направи толку многу, бидејќи таа е, пред сè, природно убава жена, за што е доказ фотографијата пред интервенцијата.

А ако веќе сакала да ги ублажи знаците на стареење, можела да го направи тоа малку подискретно и со малку повеќе стил и мерка, како што и се очекува од жена од нејзино реноме. Што мислите вие?

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Poznati NEKADA i SADA (@pravo_vip_lice)

07.10.2021 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега