(ФОТО) Спасовски - Поклукар: Заеднички постигнавме одлични резултати во справувањето со илегалната миграција и криумчарењето мигранти
Ефикасното организирање на секаков вид соработка е незаменливо средство за јакнење на безбедноста на секоја земја, а со тоа и на регионот во целина, заклучија министрите за внатрешни работи на Северна Македонија и Словенија, Оливер Спасовски и Боштјан Поклукар на денешната средба во Порторож, одржана на маргините од Министерската конференција во рамки на „Брдо процесот“.
Како што соопшти МВР, Спасовски упати благодарност до својот словенечки колега Поклукар за топлиот пречек и истакна дека особено му е драго што повторно ќе имаат можност да соработуваат и дека посветено ќе продолжат да работат на прашања од заеднички интерес како за двете министерства за внатрешни работи, така и за нашите две пријателски земји.
- Како што и самиот знаете, регионов и натаму се соочува со многу безбедносни предизвици од кои би ги издвоил недозволената трговија со дрога, борбата против тероризмот и радикалниот екстремизам, финансискиот криминал и сите видови на организиран криминал, што пак нам како министри ни налага непосредна и блиска соработка помеѓу нашите две министерства како на билатерално, така и на регионално ниво. Приоритет и фокус несомнено и во периодот што следи како во регионов, така и во европски рамки, е миграцијата, односно нелегалната миграција за која што говоревме и во рамки на оваа средба на министри на земјите од „Брдо процесот“, истакна Спасовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа