ФОТО: Српската докторка откри до кога ќе се носат маските - покажа фотографија која се кажува

 

Српската докторка Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, утрово одговарајќи на прашање до кога ќе се носат заштитни маски во земјата и до кога ќе важат актуелните мерки, рекла дека тоа што таа го говори и  многу непопуларно.

-До кога? Па долго! Јас сум свесна дека она што го говорам е непопуларно...Ноќните клубови се легла на зарази...рекла докторката со напомена дека штом малку се опуштиме бројките почнуваат да растат.

-Јас како студен и на специјализација гледав фотографии од 1918 година, од времето на шпанската треска, каде луѓето на трибини гледаат натпревар и носат маски, уште тогаш...- рекла таа и напоменала дека маската е стара и добро позната мерка.

Таа додала дека и ваква активност на вирус се уште немала видено на лето и дека температурите на него не влијаат иако се очекуваше да биде поинаку.

-Летото е сезона на цревни, а не на вирусни инфекции, сезона на труење со храна, ова е многу невообичаено еден респираторен вирус вака да се онесува на лето - појаснила таа.

Таа додала дека е во човековата природа да бидеме себични и да мислиме дека кај нас е најтешко и дека на нас ни е најлошо, но не е така. Мора да ги носиме маските и понатаму, да се држи дистанца, затоа што тоа се покажало како најдобра мерка и превентива.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2020 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега