ФОТО ВЕСТ: Али Ахмети за првпат на фотографија само со македонско знаме

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска се сретна со амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер. На фотографијата која ја објавија службите на партијата може да се види Ахмети само македонско и американско знаме. Ова е првпат да го видиме првиот човек на ДУИ да се фотографира со македонско, а да недостасува албанското знаме.

Инаку, Агелер денеска објави дека американски тим истражувачи ќе ги „лови“ корумпираните политичари во Македонија.

-Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот, објави Агелер.

 

06.12.2022 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега