ФОТО: Во Хрватска се преврте камион од Македонија што превезувал автомобили

Камион со македонски регистарски таблички се преврте во Хрватска. Како што пренесуваат тамошните медиуми, камионот со платформа за превоз на други возила се превртел на 130 километри од јужната страна на автопатот А3 Брегана-Липовац.

Несреќата се случила денеска попладне околу 17 часот. При превртувањето на камионот испаднале и неколку возила кои ги пренесувал.

 

Според првичните информации, повреден е возачот на камионот.

29.11.2021 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега