(ФОТО) Возило на МВР паркирано на тревник и велосипедска патека
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски објави фотографии од полициски возила паркирани на зелена површина.
„Најостро ги осудувам ваквите вандалски однесувања особено кога доаѓаат од страна на овластени службени лица во овој случај полициски службеници.
Возилово на МВР е паркирано преку травникот и живата ограда на тротоарот и велосипедската патека на влезот на градот на новиот кружен ток на бул. Трета МУБ на десет метри на спротивната страна од улицата има новоизграден паркинг простор кој во овој момент е полупразен. Навистина “убав пример за граѓаните” а подоцна ќе барате од општината да свикува совет за превенција преку кој наводно ќе ги едуцирате возачите на совесност, невидена хипокризија…
Со вашиот непрофесионализам, полуписменост и лукративност ги елиминиравте професионалците, институциите станаа ваш заложник а ние секој ден се повеќе се срамиме од вашите институции кои ги приватизиравте“ напиша Димитриевски.
Тој му се заблагодари на граѓанинот, кој совесно го пријавил случајот до него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа