(ФОТО+ВИДЕО) Храбрите пожарникари успеаја - изгаснат пожарот кај с.Бељаковце

 

Изгаснат е пожарот кај селото Бељаковце, Старо Нагоричане.

Пожарот избувна околу 15 часот и се гаснеше од воздух и од земја, а во последниот час пет пожарникари го гаснеа последниот крак којшто го разгоре ветрот.

„Огнот го гасневме од 15 часот и изгореа неколку објекти. Успеавме да го изгаснеме овој пожар“, изјави командирот на ТППЕ Ранковце, Далибор Поповски.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов рече дека со тоа пожарот е ставен под целосна контрола. Гори на некои места, но тие се изолирани, а до раните утрински часови ќе бидат изгаснати и нема да има потреба од воздухоплови.

Ангелов претходно објави дека изгореа една стара напуштена куќа и една дрвена плевна.

05.09.2023 - 23:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега