(ФОТО+ВИДЕО) Спасеновски: Постои силно изразен отпор од страна на граѓаните кон евентуални уставни измени

Во вечерашното гостување во Централниот Дневник на ТВ Сител гостуваше Александар Спасеновски. Тој посочи дека постои силен отпор и граѓаните се противат на евентуална промена на Уставот.

„Постои едно силно изразено тешко чувство на отпор кон овие уставни измени. Доколку ги анализираме причините зошто е тој отпор и таквото чувство кое се олицетворува каде голем дел од јавното мислење односно граѓаните се противат на евентуалната измена на Уставот на државата тогаш треба да ги бараме во нивното чувство дека постојано нешто им се одзема и постојано од нешто се откажуваат“, кажа Спасеновски.

Тој додаде дека непријатното е искуство кое го имаат граѓаните на Република Македонија со сите уставни измени.

„Имено доколку ја анализираме историјата на измени на нашиот Устав од 1991 година можеме да дојдеме до заклучок дека уставот на Република Македонија е еден од најчесто менуваните устави од државните кои произлегоа од Југославија или пак државните кои беа дел од комунистичкиот блок“, кажа Спасеновски.

Спасеновски изјави дека овие досегашни уставни измени можеме да се поделат во две групи и тоа.

„На уставни измени кои биле резултат на воочени слабости во уставно правниот систем на државата главно поврзани со цензусот за избор на претседател на државата, траењето на притворот и други реформи во областа на државата и второто е политички мотивирани уставни измени“, рече Спасеновски.

26.05.2023 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа