Франција: Еден загинат откако седум скијачи ги зафати лавина

Една жена на возраст од околу 50 години денеска загина во лавина на француските Алпи, јави телевизијата BFMTV.

Најмалку седум скијачи биле однесени од лавина која паднала денеска попладне, се вели во извештајот. Петмина биле затрупани, од кои четворица преживеале и биле спасени, јави ДПА.

Француската метеоролошка служба го постави опсегот на нивото на предупредување за лавина меѓу три и пет. Трето ниво е значителни или опасни услови за лавина, додека нивото пет е највисоко ниво и ретко се прогнозира, според Европската служба за предупредување за лавини.

09.01.2023 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега