Фрлена бомба во штабот на Самка Ибраимовски

 


Денеска е фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР на ул. Иво Лола Рибар бр. 152 во Тетово. Искршени се сите прозори и е направена значителна штета од сето ова, соопшти Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за Целосна Еманципација на Ромите од Република Северна Македонија - ПЦЕР.

„Најостро го осудуваме овој чин на нетолеранција и непочит кон нас и кон Ромите од овој град и од целата држава. Ги повикуваме надлежните институции од Република Северна Македонија да го истражат случајот и навремено да постапат“, вели Ибраимовски.

21.10.2024 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа