"Фросина утре може да бидат нашите деца или некој од нас"

 

Музичкото дуо ДНК објави потресен статус за прерано починатата Фросина Кулакова од Неготино. Тие се само дел од јавните личности кои напишаа трогателни пораки за младата девојка од Неготино.

- И ние сме Фросина, сите сме Фросина! Правда МОРА да има СЕГА и ОДМА! Како совесни граѓани секогаш на страната на народот, бараме најстрога казна за сторителот на ова дело кој притоа возел без возачка и под наводно дејство на алкохол, напишаа ДНК на Фејсбук во својата објава.

Велат дека утре може да биде некој од нас, некое од нашите деца, пријател, другар...

- Изразуваме длабоко сочувство до семејството, напишаа тие на Фејсбук.

За потсетување, Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.

22-годишната млада девојка, инаку модна дизајнерка, беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач Васил Jованов.

 

 

04.02.2025 - 11:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега