Фудбалер ги пцуеше Македонците, па се огласи татко му: Му реков никогаш повторно да не го стори тоа

Tаткото на фудбалерот на Албанија Мирлинд Даку, Фехми Даку, зборуваше за скандалот со неговиот син на Евро 2024. Тој кажа дека му рекол на неговиот син повеќе никогаш да не го прави тоа што го направи на шампионатот.

– Мојот син веќе се врати дома. Мирлинд е здрав, но не се чувствува добро од ситуацијата. Му реков никогаш повеќе да не го прави тоа. Ќе одмори неколку дена, а потоа ќе замине во Русија. Слушнав дека неговиот клуб Рубин Казан ќе го казни Мирлинд за неговите постапки на Евро, оваа одлука на клубот мора да се почитува. Тој нема да има проблеми со соиграчите од Србија, тие ќе живеат во мир – изјави Фехми Даку

Веднаш по натпреварот со Хрватска кој заврши нерешено (2:2), Даку се упати кон навивачите на Албанија каде преку мегафон упати псовки кон Србите и кон Македонците.

27.06.2024 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега