Фудбалска трагедија: Млад грчки фудбалер колабираше среде натпревар и почина
Уште една фудбалска трагедија го потресе фудбалски свет, овојпат од Грција дојде информацијата за прераната смрт на 21-годишниот фудбалер, Алесандрос Лампис.
Тој почина на теренот, откако колабира за време на натпреварот на нисколигашот Иуполис против Енормијада.
Лекарите веднаш реагирале и се обидоа да го спасат, но безуспешно.
Како што пишуваат грчките медиуми, возилото за Брзата помош доцнело 20-тина минути, што се наведува како една од причините за големата трагедија.
-Наш Алеко, наш брат и пријател. Си замина така неправедно. Целиот тим и целиот град денеска тагуваат. Нема вистински зборови, само неподнослива болка и кнедла во грлото. Среќен пат во вечноста, Алекара, се збогуваа за последен пат од неговиот клуб.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа