ФЗОМ со важно предупредување: Вака крадат пари, не наседнувајте на оваа измама

 

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Апелираат дека тоа не е официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните.

Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите:

  • Лични податоци (име, презиме, матичен број, адреса);
  • Податоци за здравствено осигурување;
  • Податоци за банкарски сметки и кредитни картички;
  • Кориснички имиња и лозинки.

ФЗОМ апелира: Проверете ја внимателно веб-адресата пред да внесете какви било лични податоци, не кликајте линкови со сомнителна пошта, не споделувајте ги вашите кориснички имиња и лозинки со никого, пријавете ги сите сомнителни активности на ФЗОМ или во најблиската полициска станица.

  • Официјалната веб-страница на ФЗОМ: fzo.org.mk
  • Телефонскиот број на ФЗОМ: 
  • 02 3289 000
  • Е-пошта: [email protected]
24.03.2025 - 09:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега