Гал Гадот цел месец се подготувувала за аудиција за „Снежана и седумте џуџиња“

 

Гал Гадот ја глуми злобната кралица наспроти Рејчел Зеглер како титуларна принцеза во претстојната реимагинација на анимираниот класик „Снежана и седумте џуџиња“.

Израелската актерка (38) откри дека ова било првпат по подолго време да мора да се опроба во улогата бидејќи требало да ги докаже своите музички способности.

Во видео-интервју за британскиот магазин „Џеј-кју“ таа рече: „Тоа беше првпат по долго време да морам да одам на аудиција за проект.“

„Требаше да се уверат дека можам да пеам бидејќи ова е мјузикл. Така, еден месец работев на песната, а потоа бев на аудиција. Ја снимивме песната и, јас ја добив улогата. Беше многу возбудливо.“

Гал уживала во снимањето на филмот затоа што е толку различен од сè што таа некогаш работела.

Новата верзија на култниот анимиран филм моментно е во фаза на снимање. „Дизни“ во последните десетина години активно работи на реимагинаации на популарни анимирани класици.

14.08.2023 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега