Гал Гадот во одбрана на улогата: „Клеопатра била Македонка, баравме македонска актерка за нејзината улога, но не успеавме да најдеме“

 

Во новиот филм за Клеопатра, главната улога ќе ја толкува израелската актерка Гал Гадот, а таа дала интервју за „BBC“ кое што привлече големо внимание во јавноста.

Гал со изјавите во интервју за „BBC“ им се спротистави на тврдењата на Египќаните кои што велат дека главната улога во филмот треба да ја толкува арапска или африканска актерка.

„Доколку сакате да бидете верни на фактите тогаш едно е вистина - факт е дека Клеопатра била Македонка. Баравме македонска актерка која што би го толкувала ликот на Клеопатра, но не ја најдовме, а јас имам многу голема желба да го направам тоа, па така улогата ми ја доделија мене. Јас сакам да го славам наследството на Клеопатра и да ја испочитувам оваа неверојатна историска икона на која што толку многу ѝ се восхитувам“, вели Гадот во интервјуто за „BBC“.

На прозивките дека нејзе не ѝ доликува да ја толкува улогата на Клеопатра, актерката вели:

„Имам пријатели од цел свет, без разлика дали се муслимани, христијани, католици или атеисти... Луѓето се луѓе, а јас својот лик сакам да го искористам за да го прославам наследството на Клеопатра“.

Инаку, Клеопатра била родена во античката египетска престолнина Александрија и таа била последниот владател во династијата основана од македонскиот генерал Александар Велики Птоломеј чии што потомци со Египет управувале 300 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2020 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега