Галант: Илјадници ракети на Хезболах се уништени во офанзивата во Либан

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вечерва изјави дека израелската офанзива во Либан уништила десетици илјади ракети од арсеналот на Хезболах.

За време на проценката на ситуацијата со воените команданти, Галант рече дека резултатите од израелската воздушна кампања се „исклучително импресивни“.

-Денес е значаен момент. На овој ден онеспособивме десетици ракети и прецизна муниција. Тоа што Хезболах го градеше 20 години всушност се уништува, рече министерот.

Израел проценува дека Хезболах има 150.000 ракети и проектили, вклучувајќи наведувани проектили и ракети со долг дострел кои можат да погодат каде било во Израел.

23.09.2024 - 21:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега