Генијален трик на неврохирург кој го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, но го подобрува и вашето помнење

 

Единствените веродостојни совети кои треба да ги применувате, кога станува збор за здравјето на мозокот, доаѓаат од неврохирурзите.

Тие поминуваат многу време во проучување на сивата маса и сигурно знаат што е најдобро за човекот кога станува збор за таа проблематика.

Кога мислите ви се оптоварени со многу работи, станува тешко да запаметите некои едноставни работи, како на пример: каде сте ги оставиле клучевите, телефонот или пак дали сте ја исклучиле пеглата.

Причината поради која не паметиме е таа што во мозокот складираме многу непотребни информации и така го оптоваруваме, па поради тоа меморијата ни се намалува.

Сето тоа може да го зголеми и ризикот од Алцхајмерова болест и да го забрза „пропаѓањето“ на мозокот.

Научниците советуваат дека следниот пат кога ќе оставите некој предмет некаде, создадете си јасна слика од тоа место во вашата глава.

Обрнете внимание на опкружувањето, дали подлогата на која сте го оставиле е стаклена или пак дрвена, како и која боја е истата.

Дали постои уште некој предмет кој се наоѓа во неговата близина. Колку повеќе детали ќе запомните, полесно подоцна ќе може да го пронајдете предметот, а на тој начин ќе ја вежбате и работата на вашиот мозок, а ќе ја подобрите и меморијата.

Уште еден интересен трик

Рут Пропер од Американскиот Универзитет во Монтклер смета дека силно стиснување на десната дланка за време на помнење е информација која помага работите подобро да се врежат во вашата меморија.

Научниците ова го припишуваат на фактот што во моментот на стиснување на дланката се активира подрачјето на мозокот кое е поврзано со помнењето.

Тие исто така објаснуваат дека стиснувањето на десната дланка ја активира левата хемисфера од мозокот која е одговорна за кодирање на сеќавањата.

28.06.2021 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега