Генијален војнички трик: Ќе заспиете за 1 минута
Дали и вие се превртувате низ кревет со часови пред конечно да заспиете од преголем умор? Колку побрзо го опуштите телото – толку подобар ќе ви биде сонот, па затоа е подобро да знаете некаква техника која ќе ви помогне да заспиете што побрзо.
Војниците од американската армија користат еден едноставен трик со кој полесно заспиваат, дури и во најтешките услови.
Тајната на лесното заспивање е опишана во книгата „Релаксирај се и победи: Шампионски перформанс“, која најпрво беше издадена во 1981 година, но се популаризираше во последните неколку години преку интернет продажба на онлајн-книжарниците.
Се верува дека тајната на лесното заспивање првпат била воведена од страна на старешините во воените редови, кои требало да им обезбедат на нивните војници мирен сон пред напорниот ден, колку и да се лоши условите надвор. Трикот оди вака:
- Релаксирајте ги мускулите на вашето лице, вклучувајќи го јазикот, вилицата и мускулите околу очите
- Спуштете ги рамената најниско што можете и истегнете ги рацете по цела должина на телото.
- Додека издишувате за да ги опуштите градите, полека олабавете ги нозете, почнувајќи од бутовите па надолу.
- Оставете да поминат околу десетина секунди во кои ќе се опуштите, релаксирајте го мозокот и потоа помислете на една од овие три слики:
- лежите во кану во мирно езеро, небото е светло сино и мирно а вие уживате во пловењето
- лежите во лежалка која е ставена во целосно затемнета соба
- замислете се како кажувате „не мисли, не мисли, не мисли“ континуирано во рок од десетина, можеби дваесет секунди
Техниката работи кај 96% од луѓето кои ја практикуваат повеќе од еден месец. Не заборавајте дека оваа техника треба да ја повторувате почесто, дури и во моментите кога немате проблем со заспивање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа