Герапетритис: ЕУ перспективата на Северна Македонија поминува и преку верното почитување на Договорот од Преспа

Во однос на Северна Македонија, повеќепати нагласив дека патот на земјата кон Европската Унија поминува и преку верното придржување до Договорот од Преспа, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за неделното издание на весникот „Врадини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија потсети на ставот на Нова демократија во периодот кога беше опозиција, посочи дека е неопходно Договорот од Преспа да продолжи да се спроведува, оценувајќи дека ова ќе биде и ставот на новата Влада.

- Овој Договор претставува меѓународен договор, кој е над секој внатрешен закон и треба да се почитува од страните и секако не е дозволена негова ревизија без договор на страните. Во оваа смисла, сметаме дека е неопходно Договорот да продолжи да се спроведува и сметам дека ова ќе биде ставот и на новото политичко раководство на Северна Македонија, кое ќе произлезе по изборите. Грчката влада континуирано и строго го следи спроведувањето на Договорот и ќе ги направи неопходните интервенции, истакна Герапетритис.

Паралелно ја повтори и грчката поддршка за ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан, потенцирајќи дека „овие држави треба да бидат во јадрото на Европската унија“.

12.05.2024 - 13:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега